• вторник, 24 декември 2024

Коалицијата за медиумска слобода е длабоко загрижена поради задушената слобода на новинарите во Хонгконг

Коалицијата за медиумска слобода е длабоко загрижена поради задушената слобода на новинарите во Хонгконг

 Вашингтон, 29 декември 2023 (МИА) - Коалицијата за медиумска слобода во која членуваат САД, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Велика Британија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Словенија и десетина други европски земји, е длабоко загрижена поради нападите на кинеските власти на Хонгконг врз слободата на печатот и задушувањето на независните локални медиуми во Хонгконг. 

„Локалните медиуми ја засилија самоцензурата откако во јуни 2020 година беше наметнат Законот за национална безбедност. Се засили прогонот врз медиумските работници поврзано со законот за бунтовништво. Со употребата на овие закони се гази врз новинарството и се поткопува автономијата и правата за слобода на луѓето во Хонгконг“, се наведува во заедничката изјава на коалицијата објавена денеска. 

Се потсетува дека сето ова е во спротивност на ветувањата од Кинеско-британската заедничка Декларација и тоа што е гарантирано во Основниот закон. 

Коалицијата за слобода на медиумите додава дека продолжителниот прогон на новинарите од тимот на „Стенд њуз“ и издавачите како Џими Лаи, основачот на „Епл дејли“, креираат атмосфера на застрашување и за останатите печатени и електронски медиуми. 

„Слободниот проток и размена на мислења и информации е од животна важност за луѓето во Хонгконг, и тоа е многу години централно во успехот и прогресот на Хонгконг“, се додава во дописот. 

Коалицијата ги повика властите во Хонгконг и Кина да ги почитуваат заложбите за меѓународни човекови права и законските обврски и да го зачуваат високиот степен на автономија и почитување на универзалите права и слободи во Хонгконг. кб/ сд/

Остани поврзан