• вторник, 27 август 2024

Книжевна средба со Орор Туја во рамки на фестивалот „Про-за Балкан“

Книжевна средба со Орор Туја во рамки на фестивалот „Про-за Балкан“
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Во рамките на фестивалот „Про-за Балкан“ во Францускиот институт во Скопје денеска од 17 часот ќе се одржи книжевна средба со Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во една од најпрестижните француски издавачки куќи - Галимар. Како што информираат од Институтот, Туја ќе земе учество на тркалезна маса во рамки на фестивалот на која ќе проговори за нејзината богата кариера и нејзината професија која се состои во координација на странски книжевности во издавачката куќа Галимар. ар/лв/

Остани поврзан