• петок, 05 декември 2025

Книжевна вечер со Жарко Милениќ во Салон Империјал 2

Книжевна вечер со Жарко Милениќ во Салон Империјал 2

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Во Салон Империјал 2 при Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 19:19 часот ќе се одржи книжевна вечер посветена на истакнатиот босанско-хрватски автор Жарко Милениќ.

Настанот, организиран од КИЦ – Скопје, има за цел да ја доближи македонската публика до богатото и жанровски разновидно творештво на Милениќ, кој зад себе има повеќе од триесет прозни дела, меѓу кои романи, раскази, поезија, критики и радиодрами. Дел од неговите книги се преведени и на македонски јазик, меѓу кои се издвојуваат „Леон, ученикот на волшебникот“, „Ги изеде дождот“ и „Заедно“.

За книжевниот опус на Милениќ ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и писателот Нове Цветаноски, кои ќе понудат критички осврт и контекстуализација на неговото дело во рамки на современата балканска книжевност.

Жарко Милениќ е роден во Брчко во 1961 година, а живеел и работел во Осиек, Риека и Подмосковје. Покрај авторската работа, тој е и активен преведувач од повеќе јазици, меѓу кои и македонскиот, со што значајно придонесува за афирмација на македонската литература во регионот. ар/вг/

Фото:КИЦ

Остани поврзан