Кметовска МВП на финалето
- Ивана Кметовска е прогласена за најкорисна кошаркарка на финална серија по која нејзиниот тим Баскет Кам по четврти пат во низа стана шампион на Македонија.
Крива Паланка, 22 мај 2025 (МИА) – Ивана Кметовска е прогласена за најкорисна кошаркарка на финална серија по која нејзиниот тим Баскет Кам по четврти пат во низа стана шампион на Македонија.
Токму Кметовска е најзаслужна за успехот на тимот од Македонска Каменица. Таа синоќа на третиот натпревар беше најефикасна со 28 поени.
Баскет Кам финалната серија со Крива Паланка ја заврши експресно со 3:0.
Денес ќе почне финалето во машка конкуренција во кое се среќаваат МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ. зс/
Фото: КФСМ