• сабота, 17 август 2024

Клиперси очекуваат Пи Џеј Такер да ја започне новата сезона во нивниот ростер

Клиперси очекуваат Пи Џеј Такер да ја започне новата сезона во нивниот ростер

Лос Анџелес, 17 август 2024 (МИА) – Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес клиперс не може да го замени П.Џ.Такер.

Клиперси се подготвуваат Такер да остане во нивниот ростер на почетокот на сезоната 2024/25, објави „ The Athletic“. 

Клубот размислуваше да го „трејдува“ кошаркарот и минатата сезона, но не успеа да најде прифатлив договор.

Такер им се придружи на Клиперс од Филаделфија во трејдот во кој беше вклучен Џејмс Харден. Сепак, напаѓачот испадна од ротацијата на Тајрон Лу во поголемиот дел од сезоната 2023/24.

На Такер му останува последната година од договорот, во која ќе заработи 11,5 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан