• понеделник, 23 декември 2024

Клиниката за инфективни болести демантира дека во модуларната болница се случила хаварија

Клиниката за инфективни болести демантира дека во модуларната болница се случила хаварија
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Како што истакнаа оттаму, во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место, како што додадоа, се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија.

 - Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници, посочија од КИБФС.

На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување.

Поради намалување на бројот на хоспитализации во изминатиов период затворени се и други ковид центри во склоп на Клинички, како и низ државата, бидејќи рационално мора да се користат ресурсите како и здравствените работници.

КИБФС апелира медиумите да се воздржат од сензационалистички наслови и текстови кои непотребно креваат паника и предизвикуваат страв кај граѓаните.см/дма/

Остани поврзан