• понеделник, 23 декември 2024

Клиниката за детски болести Скопје доби донација од Кроациа Осигурување живот

Клиниката за детски болести Скопје доби донација од Кроациа Осигурување живот
Скопје, 28 септември (МИА) - Кроациа Осигурување живот донираше апарат за механичка вентилација - респиратор за Клиниката за детски болести Скопје. Станува збор за модел од последните генерации со перформанси и технички спецификации кои одговараат на потребите на клиниката и нејзините пациенти. Како што информираат од компанијата, целта на нивната компаниска општествена одговорност е зајакнување на капацитетите на здравствените установи. - Подобра нега и овозможување подобра грижа посебно за најмалите пациентите треба да биде заедничка одговорност, на сите нас, но најголем придонес во тоа може да има бизнис секторот. Затоа верувам дека со оваа донација даваме дел од тој придонес и ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, вели Маја Станковска Костова, генерален директор на Кроациа Осигурување живот. За директорката на Клиниката за детски болести, оваа донација, пред сè, претставува поддршка за медицинскиот кадар и значајно подобрување на степенот на нега за пациентите. - Клиниката располага со врвни специјалисти кои се посветени на грижата на пациентите, меѓутоа, и покрај целиот труд и внимание што секојдневно ги вложуваме, сепак нашата работа и грижата за малите пациентите во голем степен зависи и од апаратурата и медицинските средства. Опремата и медицинската апаратура е нешто што секогаш ни е потребно и што треба да ги следи новите медицински и технолошки трендови. Затоа, оваа донација од Кроациа осигурување за Детската клиника е исклучително вредна, потребна па дури и неопходна со оглед на времињата и состојбите што ги живееме, вели Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести. ар/цр

Остани поврзан