Кликс: СИПА уапси поранешен генерал на ХВО во акција против шверц на наркотици
- Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) од утрово спроведуваат голема оперативна акција на повеќе локации против меѓународни шверцери на наркотици.

Сараево, 26 ноември 2024 (МИА) - Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) од утрово спроведуваат голема оперативна акција на повеќе локации против меѓународни шверцери на наркотици.
Според неофицијални информации на Klix.ba, цел на акцијата е Здравко Шагољ, познат како Писке, поранешен генерал на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО).
Акцијата е од меѓународен карактер и истовремено се изведува во неколку други земји. Според порталот Istraga, генералот Шагољ е осомничен за шверц на големи количини кокаин во Босна и Херцеговина.
Шагољ е поранешен висок функционер на ХВО и командант на бригадата „Херцег Стефан“. Тој беше уапсен и во април годинава во акцијата на СИПА со кодно име „Параван“, која беше спроведена во областите Мостар, Меѓугорје и Коњиц. ссм/
фото: архива/илустрација