• сабота, 23 ноември 2024

Клеј Томпсон може да се врати на теренот пред Божиќниот натпревар на 20 или 23 декември

Клеј Томпсон може да се врати на теренот пред Божиќниот натпревар на 20 или 23 декември
Сан Франциско, 11 ноември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Клеј Томпсон, продолжува да се подготвува за враќање на теренот по две пропуштени сезони. Според инсајдерот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, доколку Томпсон успее да го задржи моменталното темпо на подобрување на формата, тогаш неговото враќање може да се случи пред божиќниот меч со Феникс (25 декември). Голден Стејт на 20 декември ќе игра дома со Сакраменто, а на 23 декември ќе биде домаќин на Мемфис. Кон средината на декември, Клеј треба да се приклучи на тимот во Калифорниската развојна лига за вежбање. зс/

Остани поврзан