• петок, 08 ноември 2024

Клебо првпат во кариерата победи на маратон 50 километри во класичен стил

Клебо првпат во кариерата победи на маратон 50 километри во класичен стил

Осло, 10 март 2024 (МИА) - Норвешкиот скијач Јоханес Клебо е победник на маратонот масовен старт на 50 километри класичен стил на Светскиот куп во Осло.

Петкратниот олимписки шампион растојанието го мина за 2 часа 6 минути и 50 секунди.

Втор беше уште еден претставник на Норвешка, Мартин Левстром Нигет, кој заостана само 0,4 секунди зад победникот.

Бронзата ја освои исто така Норвежанец. Пол Голберг заостана 1,1 секунда зад Клебо.

Дваесет и седумгодишниот Клебо за прв пат во кариерата победи на Кралскиот маратон. Пред тоа успеа да дојде само до второто место на трка од 50 километри. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан