КК Крива Паланка на домашен терен поразена од Баскет Кам
- Кошаркарките на Крива Паланка синоќа на домашен терен го одиграа мечот од заостанато, деветто коло, од домашното женско кошаркарско првенство.
Крива Паланка, 13 декември 2023,( МИА) - Кошаркарките на Крива Паланка синоќа на домашен терен го одиграа мечот од заостанато, деветто коло, од домашното женско кошаркарско првенство.
Во дуелот со актуелниот лидер на табелата, домаќините успешно се носеа и пружија значаен отпор во првите две четвртини, за на полувремето да заминат и со поен предност, 36:35 за КК Крива Паланка, но отпорот беше совладан во третиот период кога искусните кошаркарки на Баскет Кам предводени од тренерот Жаклина Стојановска, го преземаат водството и мечот сигурно го поведоа кон крајот, со победа од 67:77.
Со оваа победа тимот на Македонска Каменица се зацврсти на врвот на табелата, каде втор е Вардар, а трети се МЗТ, додека на четвртото место е Куманово Гризли и овие четири тимови ќе се сретнат во натпреварите од националниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски -Буштур" во февруари,2024.
Лигашките сениорски натпревари во највисокото женско кошаркарско првенство во организација на КФСМ продолжуваат викендов, во сабота КК Крива Паланка гостува кај скопски Бадел 1862, Струга 2009 е домаќин на Вардар, МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Куманово Гризли, а Баскет Кам го пречекува Пробаскет Кавадарци.
По ова десетто коло следува пауза во првенството,а натпреварите продолжуваат на 20 јануари. ид/зс/
Фото: МИА