• четврток, 07 ноември 2024

Кишида: Јапонија се уште не одлучила кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима

Кишида: Јапонија се уште не одлучила кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима

Токио, 20 јули 2023 (МИА) - Јапонија се уште не одлучила кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Пречистената вода од фабриката ќе се испушта во Тихиот Океан. Според јапонските медиуми, испуштањето би требало да започне на крајот на август. Водите комбинираат дождовница, подземна вода и вода што се користи за ладење на јадрата на нуклеарните реактори кои почнале да се топат. Токио предвидува дека околу 1,33 тони вода ќе бидат испуштени во Тихиот Океан во наредните децении од нуклеарната централа, која беше тешко оштетена од катастрофалниот земјотрес и цунамито на 11 март 2011 година.

Кишида денеска ја посети фабриката, но не прецизираше конкретен датум кога ќе почне да се испушта пречистената вода. Тој рече дека прво ќе се сретне со претставници на рибарската индустрија, чии операции се загрозени од плановите на Токио да испушта вода. Кина, особено, веќе го забрани увозот на одредени прехранбени производи од Јапонија.

Кишида нагласи дека одлуката за испуштање на водите ќе ја донесе Владата, која јавно ќе соопшти какви мерки се преземени за да се осигура безбедност и како тоа ќе се одрази на рибарската индустрија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан