• вторник, 24 декември 2024

Кишида и покрај инцидентот продолжува со предвидените активности

Кишида и покрај инцидентот продолжува со предвидените активности

Токио, 15 април 2023 (МИА) – Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида продолжува со денешната предизборната кампања по инцидентот во Саиказаки, во префектурата Вакајама, објави на Твитер неговата .Либерално демократската партија.

За време на говорот на Кишида момче фрли предмет сличен на димна бомба. Се слушна гласна експлозија, при што луѓето почнаа панично да бегаат, а премиерот беше засолнет и е неповреден.

Полицијата веднаш го совлада и го приведе осомничениот.

Поранешниот премиер Шинзо Абе почина откако беше застрелан на предизборен митинг со рачно изработен пиштол во јули минатата година. ми/

фото: Твитер

Остани поврзан