• среда, 25 декември 2024

Китановски: Кога сте искачени на врвот на планините се открива духот на заедништво, на сплотување

Китановски: Кога сте искачени на врвот на планините се открива духот на заедништво, на сплотување

Штип, 5 мај 2024 (МИА) - Планинарите од Планинарското друштво (ПД) „Трансверзалец“ од Скопје осма година по ред реализираат проект, секој месец да освојуват по еден врв на македонските планини. Таргет им се врвовите кои не се толку познати, а целта е да се запознаат со убавините кои ги нуди секоја планина посебно во земјава и до сега не биле толку посетувани.

Бобан Китановски планинар во ПД „Трансверзалец“ недопрените убавини, врвови кои ги освојуваат, селата низ кои поминуваат ги презентира и остави спомен зад нив преку фото - апаратот. Фотографиите кои ги прави ги претставува на изложби низ земјава, со цел да ги види домашната јавност.

-Имаме планинари од цела Македонија и се открива духот на заедништво, на сплотување на голем број планинари од цела Македонија. Тоа горе сите планинари го чувствуваме и сакаме да го пренесеме секаде околу нас каде што живееме, вели Китановски.

Тој е планинар веќе 13 години, а неговите искуства сакал преку фотографии да ги пренесе на пошироката публика, неговата изложба ја виде и штипската публика.

-Нашите преубави планини се инспирација за самава изложба. Се појавува некои силно чувство за да фотографирам, додека се качувам на планина. Навистина, кога ќе се искачите дури и на некое помало врвче, насекаде околу тебе те опкружуваат само планини и овде сфакаш дека Македонија е пребогато место, додаде Китановски

Посочува дека радува фактот што од ден во ден расте интересот за планинарење во земјава, посебно кај младите луѓе, додава Китановски.

-Нашиот проект ја носи таа идеја, значи, да ги изложиме фотографиите во повеќе градови во Македонија и за нас планинарите е интересно да се видат тие доживувања, пејсажи и дружења. Но пред се за младите кои не се планинари, да ги поттикнеме да започнат да планинарат и да уживаат во нашите планини, рече Китановски

Турите се трансферзалски, односно, никогаш не се оди по една иста патека и постојано се движат по непознат терен.

-Целиот проект се реализира на ентузијастичка основа на македонските планинари, подвлекува Китановски. вдј/вг/

Фото: МИА 

Остани поврзан