Кирјос: Никогаш не сум бил толку добар под притисок
- Австралискиот тенисер Ник Киргиос ја коментираше победата над Даниил Медведев во второто коло на АТП турнирот во Монтреал (Канада).
Монтреал, 11 август 2022 (МИА) - Австралискиот тенисер Ник Киргиос ја коментираше победата над Даниил Медведев во второто коло на АТП турнирот во Монтреал (Канада).
- Влегов на теренот без да помислам дека Медведев е првиот рекет на светот. Целта ми беше да не му дозволам да го постави ритамот на играта. Одлично сервирав и примав топки, многу сум задоволен од мојата игра, успеав добро да делувам.
Сега треба да се подготвам за следниот натпревар.Се чувствувам како никогаш да не сум бил толку добар под притисок, мојата самодоверба е поголема од кога било, изјави Кирјос за „L’Equipe“.
Во третото коло на турнирот во Монтреал, Кирјиос вечер ќе игра против својот сонародник Алекс де Минаура. зс/