• вторник, 24 декември 2024

Кирјос бара отфрлање на обвиненијата за напад на поранешната девојка

Кирјос бара отфрлање на обвиненијата за напад на поранешната девојка
Канбера, 4 октомври 2022 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос, бара отфрлање на обвиненијата за напад на поранешната девојка Кјара Пасари. Адвокатите на 20. светски рекет рекоа дека причината за ова се неговите проблеми со менталното здравје. Побараа да се одложи разгледувањето на случајот за да се изготви лекарски извештај. Веќе е поднесено барање, откако била прегледана медицинската историја на Кирјос од 2015 година, вклучително и јавни изјави за неговите проблеми со менталното здравје. Предлогот за отфрлање на кривичното дело ќе биде разгледан на 3 февруари - една недела по Грен слемот Австралија Опен. Според адвокатот, Кириос сака лично да присуствува на рочиштето. Досега не се бараше тенисерот да присуствува на рочиштата во судот во Канбера. зс/

Остани поврзан