• понеделник, 23 декември 2024

Кирби укажа дека стратешките цели на Путин во војната против Украина не успеале

Кирби укажа дека стратешките цели на Путин во војната против Украина не успеале

Вашингтон, 14 јули 2023 (МИА) - Џон Кирби, координатор по стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, ја коментираше изјавата на претседателот на САД Џо Бајден дека претседателот на Русија Владимир Путин „ја изгуби војната“ во Украина.

-Тој (Путин) сакаше да ја избрише Украина од лицето на земјата како независна држава. Тој сакаше да ја отстрани администрацијата на Зеленски. Сакаше да ја покори Украина и да ја направи дел од Русија како провинција. Ништо од тоа не му успеа, изјави Кирби денеска во интервју за Гласот на Америка.

Додаде дека Путин исто така не успеал да изврши „раскол кај Запад, да ја раздели НАТО и да покаже дека меѓу САД и сојузниците постои разединетост“.

НАТО сега е уште посилно … И тоа е реално сведоштво не само на акциите на Путин но и на лидерството на претседателот Бајден на светската сцена, изјави Кирби.

Тој исто така вети поддршка за Украина во областа на одбраната од земјите на Г-7, а до нејзиниот влез во воената алијанса. кб/

Остани поврзан