• сабота, 23 ноември 2024

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Вашингтон, 7 мај 2024 (МИА) - Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан