• сабота, 23 ноември 2024

Кирби: Нашите балони не летаат над Кина

Кирби: Нашите балони не летаат над Кина

Вашингтон, 13 февруари 2023 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денеска ги негираше тврдењата на Пекинг дека балони со хелиум прелетале над Кина.

„Нашите балони не летаат над Кина. Тоа не е точно, едноставно апсолутно не е точно“, изјави Кирби.

Кина претходно соопшти дека американски балони на висока височина го прелетале кинескиот воздушен простор без дозвола 11 пати од почетокот на јануари 2022 година.

На прашањето како Кина реагирала на тие летови, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека одговорот на Кина на таквите инциденти е одговорен и професионален.

Пентагон соопшти дека борбен авион Ф-16 во неделата соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген на границата со Канада. паг/


Остани поврзан