• петок, 22 ноември 2024

Кипарската фудбалска федерација издвои итна помош за екипите во пониските лиги

Кипарската фудбалска федерација издвои итна помош за екипите во пониските лиги
Никозија, 28 јануари 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Кипар соопшти денеска дека издвоила итна парична помош во износ од 376.000 евра за второ и третолигашките екипи во земјата со цел да им помогне во справување со финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Секоја од вкупно 18 екипи во втората кипарска лига ќе добие еднократна парична помош во висина од 12.000 евра, додека сите 16 третолигаши ќе добијат по 10.000 евра. Натпреварите во пониските натпреварувања на Кипар беа прекинати претходно овој месец, откако властите прогласија тринеделен карантин во обид да спречат зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјата. ег/гт/

Остани поврзан