• сабота, 23 ноември 2024

Кинески научници: Има докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот

Кинески научници: Има докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот
Пекинг, 3 февруари 2020 (МИА) - Кинески научници соопштија дека има се повеќе докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот во Кина. Во две статии објавени денеска во списанието „Природа“, научниците објаснија дека со анализа на геномот од неколку пациенти од Вухан, откриле дека овој вирус е многу сличен на вирусот САРС. Кинескиот научник Ши Жен Ли и неговите колеги од Институтот за вирологија во Вухан откриле дека секвенците на геноми земени од седум пациенти во 96 проценти се совпаднале со корона вирусот изолиран од геномски секвенци на лилјаци. Иако научниците се сомневаат дека најновото ширење на смртоносниот вирус во Кина започна на пазарот за риби, каде се продаваат и диви животни, сè уште не е утврдено кое животно првично го пренесе вирусот на луѓето. паг/    

Остани поврзан