• среда, 25 декември 2024

Кинескиот претседател Си во Пекинг се сретна со поранешниот тајвански претседател Ма

Кинескиот претседател Си во Пекинг се сретна со поранешниот тајвански претседател Ма

Пекинг, 10 април 2024 (МИА) -  Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со поранешниот тајвански претседател Ма Јинг-је , јавија кинеските државни медиуми,  одбележувајќи ја нивната втора средба во време на зголемени тензии меѓу двете страни на тајванскиот теснец.

Според тајванската телевизија, Си му кажал на Ма дека за се може да се разговара, но дека ништо не може да ги раздвои Кина и Тајван.

Откако владата на Република Кина побегна во Тајван во 1949 година, по поразот во граѓанската војна од комунистот Мао Це Тунг, ниту еден тајвански лидер не ја посети Кина.

Ма, претседател од 2008 до 2016 година, минатата година стана првиот поранешен тајвански лидер што ја посети Кина, а сега е на второто патување во земјата. Овој пат се очекуваше Ма да се сретне со Си.

Ма првпат се сретна со Си во Сингапур, кон крајот на 2015 година, на историскиот самит непосредно пред актуелниот претседател на Тајван, Цаи Инг-вен, да победи на изборите.

Кинеските државни медиуми не објавија детали за нивната средба во Пекинг, само рекоа дека се сретнале.

Ма останува почитуван член на главната тајванска опозиција Куоминтанг (КМТ), која загуби на третите последователни претседателски избори во јануари, но нема официјална позиција во партијата.

КМТ се залага за блиски врски со Кина и дијалог, но жестоко негира дека е про-Пекинг.

Кина тврди дека Тајван е нејзина територија и го засили воениот и политичкиот притисок за да ги потврди тие тврдења.

Цаи и нејзината влада ги отфрлаат територијалните претензии на Кина и велат дека само жителите на островот можат да одлучат за нивната иднина.сд/

Остани поврзан