Кинескиот премиер се сретна со севернокорејскиот колега, повика на зајакнување на соработката
- Кинескиот премиер Ли Чијанг на денешната средба со својот севернокорејски колега, Парк Тае-Сонг, изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за да го истражи потенцијалот за практична соработка и да го зајакне развојот на двете земји, јавија кинеските медиуми.
Пјонгјанг, 11 октомври 2025 (МИА) – Кинескиот премиер Ли Чијанг на денешната средба со својот севернокорејски колега, Парк Тае-Сонг, изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за да го истражи потенцијалот за практична соработка и да го зајакне развојот на двете земји, јавија кинеските медиуми.
Ли потсети дека за време на неодамнешната средба во Пекинг, кинескиот и севернокорејскиот претседател Си Џинпинг и Ким Џонг-Ун постигнаа серија договори за продлабочување на односите меѓу двете земји и нивните комунистички партии, јави новинската агенција Синхуа.
Кинескиот премиер додаде дека Пекинг е подготвен да работи на спроведување на овие договори со цел зајакнување на односите, стратешката комуникација и меѓусебната политичка доверба. јт/
Фото: ЕПА архива