• вторник, 24 декември 2024

Кинеска компанија ги купи правата на технологијата на словачкиот летечки автомобил „Еркар“

Кинеска компанија ги купи правата на технологијата на словачкиот летечки автомобил „Еркар“

Пекинг, 27 март 2024 (МИА) - Кинеската компанија „Hebei Jianxin Flying Car Technology Company“ ги купи ексклузивните права за производство и користење на технологијата на словачкиот летечки автомобил „Еркар“ („AirCar“), пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на изјавата на ко-основачот на Kleinvision, компанијата што го создаде Еркар, Антон Зајац.

Летечкиот автомобил „Еркар“, придвижуван од мотор на БМВ и обично гориво, леташе 35 минути помеѓу два словачки аеродроми во 2021 година, а трансформацијата на автомобилот во авион траеше нешто повеќе од две минути.

Пекинг е заинтересиран за развој на летечки автомобили, а минатиот месец кинеската компанија Autoflight организираше експериментален лет на дрон за превоз на патници меѓу кинеските градови.

На дронот му биле потребни само 20 минути да патува три часа со автомобил, но летот бил изведен без патници.

Словачкиот Еркар, за разлика од беспилотните летала, не може да полета вертикално и има потреба од писта за слетување и полетување.

Новата технологија се соочува со значителни регулаторни и други проблеми на Запад, а Кина би можела да ја искористи ситуацијата и да стане лидер во развојот на летечки автомобили како што тоа претходно го постигна со електричните автомобили, заклучува Би-Би-Си. мс/

Остани поврзан