Кина фуриозно ги почна Игрите во Токио, два златни медали со олимписки рекорди на стартот
- Кинеската олимпијка Хоу Џихуи (24) го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 48 килограми, поставувајќи нов олимписки рекорд.
Токио, 24 јули 2021 (МИА) – Кинеската олимпијка Хоу Џихуи (24) го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 48 килограми, поставувајќи нов олимписки рекорд.
До златниот медал, втор за Кина на првиот натпреварувачки олимписки ден, Џихуи дојде со вкупно кренати 210 килограми, осум килограми повеќе од „сребрената“ Индијка Чану Мирабаи. Бронзениот медал и припадна на Винди Кантике Аисах од Индонезија (194).
Претходно денеска, Кинезот Јанг Кијан стана првиот спортист на Игрите во Токио, кој освои златен медал, триумфирајќи во дисциплината 10 метри воздушна пушка со нов олимписки рекорд. ег/паг/