• вторник, 24 декември 2024

Кина успешно лансира нов сателит за следење на салинитет на океаните

Кина успешно лансира нов сателит за следење на салинитет на океаните

Пекинг, 14 ноември 2024 (МИА) - Кина денеска успешно лансира нов сателит за одредување на салинитетот (степен на содржината на сол) на океаните од Центарот за лансирање сателити Таијуан во северната провинција Шанси, соопшти Кинеската национална вселенска администрација (ЦНСА).

Носечката ракета „Долг марш-4Б Y53“ полета во 6:42 по пекиншко време, поставувајќи го сателитот во предвидената орбита.

Научно-истражувачкиот сателит, познат и како „Океан-4 01“, ќе го подобри капацитетот на земјата за собирање податоци за динамичните фактори во океанската средина, ќе ја зголеми точноста на прогнозите и ќе одговори на потребите во области како што се екологија и климатски промени.

Ова е 545-то лансирање на ракета од серијата „Долг марш“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан