Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Пацификот, прва во последните децении
- Ракетните сили на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) денеска лансираа интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во водите на Пацификот, соопшти Министерството за национална одбрана.

Пекинг, 25 септември 2024 (МИА) – Ракетните сили на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) денеска лансираа интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во водите на Пацификот, соопшти Министерството за национална одбрана.
Наведено е дека ракетата паднала во целната област на Пацификот и оти лансирањето е рутинска активност во рамките на годишниот план за обука, како и дека релевантните земји биле однапред информирани за овој тест, пренесува новинската агенција Синхуа.
- Лансирањето ги тестираше перформансите на оружјето и ефективноста на воената обука и ги постигна саканите цели, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.
Се додава дека лансирањето било во согласност со меѓународното право и не било насочено против ниту една земја или цел. Јт/
Фото: ЕПА архива