• вторник, 24 декември 2024

Кина тврди дека веднаш ја известила СЗО за епидемијата на коронавирусот

Кина тврди дека веднаш ја известила СЗО за епидемијата на коронавирусот
Пекинг, 7 јуни 2020 (МИА) - Кина веднаш ја извести Светската здравствена организација и другите релевантни земји за епидемијата на коронавирусот, се вели во извештајот на Канцеларијата за информации на кинеската Влада објавен денеска. Во извештајот се додава дека Кина „поделила цела секвенца на геномот и специфичните прајмери и сонди за откривање на Ковид-19 и редовно ја известувала Светската здравствена организација и релевантните земји за епидемијата, пренесува Си-Ен-Ен. Кина беше критикувана од други земји, особено од САД, дека наводно на почетокот криела информации за епидемијата. Во извештајот се истакнува и дека Националната здравствена комисија на 8 јануари „прелиминарно потврдила дека новиот коронавирус е причина за епидемијата“, а кинеската Влада од 11 јануари секојдневно ја известувала СЗО и дека следниот ден на 12 јануари испратила геномската секвенца до СЗО. јт/

Тагови

Остани поврзан