• понеделник, 23 декември 2024

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила

Пекинг, 2 октомври 2024 (МИА) - Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возилапроизведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Пекинг смета дека царините за кинеските електрични возила и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска.

Кон крајот на август, Канада најави воведување увозни давачки од 100 проценти за електрични возила од Кина и царина од 25 отсто за челик и алуминиум, при што овие мерки стапија на сила на 1 октомври. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан