• понеделник, 23 декември 2024

Кина на игрите во Париз со 11 пливачи кои беа позитивни на допинг

Кина на игрите во Париз со 11 пливачи кои беа позитивни на допинг


Пекинг, 19 јуни 2024 (МИА) – Кина на претстојната Олимпијада во Париз ќе испрати 11 пливачи кои во 2021 година наводно беа позитивни на допинг, а подоцна беа ослободени од обвинувањата.
Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс и германски АРД во април објавија дека 23 кинески пливачи биле позитивни на триметазидин, супстанца која може да ги подобри перформансите. Сепак, кинеските пливачи не беа санкционирани бидејќи Светската антидопинг агенција (ВАДА) тогаш заклучи дека тие не се допингувале, туку биле жртви на контаминација со храна.
Целиот случај предизвика бура бидејќи по информациите објавени од Њујорк Тајмс и АРД, американската анти-допинг агенција (УСАДА) соопшти дека ВАДА настојува да ги стави „овие позитивни случаи под тепих‘“.
Неколкумина од овие кинески спортисти кои беа позитивни во 2021 година освоија медали на Олимписките игри во Токио. Од нив, вкупно 11 се наоѓаат на кинескиот список за натпреварите во пливање на Игрите во Париз од 26 јули до 11 август.
Меѓу нив се двократниот олимписки првак од Токио, Џанг Јуфеи, и Ванг Шун, олимпискиот шампион на 200 метри мешано. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан