• среда, 18 декември 2024

Кина е против натамошно испуштање на загадена вода од Фукушима во океанот

Кина е против натамошно испуштање на загадена вода од Фукушима во океанот

Пекинг, 6 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи повтори дека кинеската влада цврсто се противи на почетокот на вториот круг на испуштање прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот во близина на брегот на Јапонија.

Компанијата за електрична енергија на Токио (ТЕПКО) вчера соопшти дека го почнала вториот круг на испуштање прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот и планира да испушти 7.800 тони таква вода во следните 17 дена.

Како одговор, позицијата на Кина за испуштањето вода останува конзистентна и јасна, пренесе кинеската државна телевизија CCTV. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан