• сабота, 21 декември 2024

Кина е подготвена за „пријателски односи и соработка“ со талибанците во Авганистан

Кина е подготвена за „пријателски односи и соработка“ со талибанците во Авганистан
Пекинг, 16 август 2021 (МИА) - Кинеските власти соопштија дека Пекинг е подготвен да ги продлабочи „пријателските односи и соработка“ со Авганистан, откако талибанците ја презедоа контролата над земјата. - Талибанците во неколку наврати изразија надеж за добри односи со Кина, како и оти со нетрпение го очекуваат вклучувањето на Кина во реконструкцијата и развојот на Авганистан... Го поздравуваме тоа. Кина го почитува правото на авганистанскиот народ да ја одреди својата судбина и е подготвена да продолжи да разввива... пријателски односи и соработка со Авганистан, изјави портпаролкатат на Министерството за надворешни работи, Хуа Чунинг. Таа додаде дека Амбасадата на Кина во Кабул продолжува со работа, а на кинеските државјани во Авганистан им се препорачува „сериозно да внимаваат на безбедноста“ . Кина има 76 километри граница со Авганистан. ми/

Остани поврзан