• вторник, 24 декември 2024

Кина гради двојно повеќе соларни електрани од остатокот од светот

Кина гради двојно повеќе соларни електрани од остатокот од светот

Пекинг, 12 јули 2024 (МИА) - Капацитетите за производство на енергија со помош на ветер и Сонце во изградба во Кина сега се речиси двојно поголеми од остатокот од светот заедно, според извештајот на „Глобал енерџи монитор“.

Истражувањето објавено од организацијата покажа дека Кина има 180 гигавати соларна енергија во изградба и 15 гигавати енергија од ветер.

Тоа го носи вкупниот капацитет на ветер и сончева енергија во изградба на 339 гигавати, многу над 40 гигавати во изградба во САД.

Истражувачите пресметале дека Кинезите имаат само соларни фарми со капацитет од 20 мегавати или повеќе, кои директно се напојуваат во мрежата. Ова значи дека вкупната количина на соларна енергија во Кина би можела да биде многу поголема, бидејќи малите соларни фарми сочинуваат околу 40 отсто од кинеските соларни капацитети.

Кина има водечка позиција во глобалното производство на обновлива енергија во време кога САД се повеќе се загрижени поради големите кинески капацитети и дампингот, особено во соларната индустрија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан