• сабота, 23 ноември 2024

Кина го отфрли барањето на Шолц за подобар третман на Ујгурите

Кина го отфрли барањето на Шолц за подобар третман на Ујгурите
Пекинг, 21 септември 2022 (МИА) - Кина го отфрли барањето на германскиот канцелар Олаф Шолц, да ги следи препораките на комесарот за човекови права на Обединетите Нации (ОН) за подобар третман на Ујгурите, јави ДПА. Одговарајќи на прашање во врска со говорот на Шолц на Генералното собрание на ОН, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, извештајот на ОН за ситуацијата на членовите на муслиманското малцинство во регионот Ксинџијанг, го нарече „крпеница од дезинформации“. Според него, станува збор за „политичка алатка“ што им служи на некои западни земји што сакаат да ја држат Кина долу. Во својот говор во Њујорк, Шолц рече дека би било „знак на суверенитет и сила, како и гарант за промени на подобро“ доколку кинеската страна ги спроведе препораките од извештајот на ОН. Во извештајот се тврди дека обемот на произволен и дискриминаторски притвор за припадници на Ујгурите и други претежно муслимански групи може да претставува злосторство против човештвото. ДПА потсетува дека Ујгурите се подложени на систематско угнетување во регионот Ксинџијанг, додека Пекинг ги обвинува припадниците на малцинството за екстремизам и сепаратизам. бд/јт/

Остани поврзан