Кина „внимателно ја следи“ ситуацијата во Украина и повика на воздржаност
- Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција на европскиот сосед.

Пекинг, 24 февруари 2022 (МИА) - Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција на европскиот сосед.
„Кина внимателно ја следи најновата ситуација и ги повикуваме сите страни да останат воздржани и да спречат ситуацијата да излезе од контрола“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг на редовниот брифинг. паг/