Кина бара итен прекин на огнот во Газа по убиството на Синвар
- - Приоритет е итно постигнување примирје во Газа, заштита на цивилите, обезбедување на хуманитарна помош и избегнување на понатамошна ескалација на конфликтот и конфронтацијата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг пред новинарите во Пекинг

Пекинг, 18 октомври 2024 (МИА) - Кина денеска повторно повика на „итен“ прекин на огнот во Газа, ден по објавата на Израел дека е убиен Јахја Синвар, лидерот на палестинската група Хамас.
- Приоритет е итно постигнување примирје во Газа, заштита на цивилите, обезбедување на хуманитарна помош и избегнување на понатамошна ескалација на конфликтот и конфронтацијата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг пред новинарите во Пекинг, пренесува Анадолија.
Мао реагираше на тврдењата на Израел дека телото на Синвар е пронајдено откако областа била пребарана вчера. ссм/
фото: архива