• вторник, 24 декември 2024

Кина бара извинување од дански весник поради карикатура за вирусот

Кина бара извинување од дански весник поради карикатура за вирусот
Копенхаген, 28 јануари 2020 (МИА) - Кинеската Амбасада во Копенхаген побара од најтиражниот дански весник да се извини за карикатурата на новиот коронавирус, коja ја сметаат за навреда на Кина. Карикатурата го прикажува кинеското знаме со симболи кои личат на вирус на местото каде би требало да бидат ѕвезди, а главниот уредник на весникот „Јиландс Постен“ рече дека немале намера да ја исмејуваат Кина. - Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо, изјави уредникот. Кинеската Амбасада изразила остро негодување и оцени дека карикатурата, која беше објавена вчера во печатено издание на весникот е навреда за Кина. Кина потврди дека од коронавирусот досега починале 106 лица, а заразени се 4.500 луѓе. Данскиот весник „Јиландс Постен“ во 2005 година објави 12 карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика бес низ исламскиот свет бидејќи тие веруваат дека пророкот Мухамед не треба да се прикажува на никаков начин. ез/   

Остани поврзан