• петок, 05 декември 2025

Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе ја претстави својата нуклеарна политика на претстојниот партиски состанок

Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе ја претстави својата нуклеарна политика на претстојниот партиски состанок

Пјонгјанг, 13 септември 2025 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата ќе ја претстави својата политика за заеднички развој на нуклеарно оружје и конвенционална воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на владејачката Работничка партија на Кореја.

За време на инспекција на центри за истражување на оружје, Ким изјавил дека „9-от конгрес на Работничката партија на Кореја ќе претстави политика за истовремено промовирање на изградбата на нуклеарни и конвенционални вооружени сили во областа на изградбата на националната одбрана“, јавија локланите државни медиуми.

Ким, исто така, набљудувал вежба со пукање на севернокорејската војска и извршил инспекција на градилиште на болница. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан