• вторник, 24 декември 2024

Ким Џонг-ун: Северна Кореја го засилува бродоградбениот сектор

Ким Џонг-ун: Северна Кореја го засилува бродоградбениот сектор

Пјонгјанг, 8 септември 2024 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја истакна важноста од зајакнување на воената поморска моќ за време на обиколка на градилиштето на поморска база, која треба да стане сидриште за нови воени бродови, известија државните медиуми.

- Сега, кога наскоро ќе поседуваме големи воени бродови и подморници кои не можат да се закотват со постоечките објекти за врзување на воените бродови, изградбата на поморска база за управување со најновите воени бродови стана итна задача, рече Ким.
Тој ја нагласи потребата од изградба на поморско пристаниште способно за управување со оружените системи на воените бродови и истакна мерки за поставување на противвоздушни и крајбрежни одбранбени системи за одбрана на пристаништето.

Говореше и за геополитичките и стратешките предности на пристаништето за земјата, која е опкружена со море од источната и западната страна.

Неодамнешна анализа на сателитски снимки покажа дека најновата севернокорејска подморница со балистички ракети, класа „Синпо-Ц“, поминала низ обемно опремување во бродоградилиштето Синфо Саут.

Во одделна посета на бродоградилиштето, Ким ја нагласи потребата од зголемување на националните инвестиции во бродоградбените проекти, со цел да се остварат долгорочните планови за развој на бродоградбената индустрија.

Државната агенција, исто така, извести за посетата на Ким на одбранбено индустриско претпријатие, каде што нагласи потреба од модернизација и поголемо користење на научни сознанија во производството на муниција, што би требало да ја гарантира ефикасноста на новоразвиената воена опрема.ссм/

фото: архива

Остани поврзан