• сабота, 23 ноември 2024

Ким Кардашијан, Никол Кидман и Дуа Липа како специјално изненадување на ревија на „Баленсијага“

Ким Кардашијан, Никол Кидман и Дуа Липа како специјално изненадување на ревија на „Баленсијага“

Париз, 7 јули 2022 (МИА) - Ким Кардашијан, Никол Кидман и Дуа Липа беа специјалното изненадување за присутните на ревијата на модниот бренд „Баленсијага“, појавувајќи се како модели и презентирајќи облека од нивната нова модна колекција.

Грузиецот Демна Гвасалија синоќа во Париз ја претстави својата втора модна линија за „Баленсијага“. Во публиката меѓу познатите лица, беа и Крис Џенер, Офсет, Норт Вест, Алекса Деми и Трејси Елис Рос, а пак, Ким Кардашијан, Никол Кидман, Дуа Липа, Бела Хадид и Наоми Кембел прошетаа на пистата. Кардашијан носеше панталони-чизми припиени до кожата коишто многупати и досега ги обула како „амбасадорка“ на брендот, под долгото здолниште, со корсет и ракавици. Липа носеше жолт мини-фустан со една прерамка, а Кидман се претстави со сребреникава тоалета долга до глуждовите. Кембел едвај „се проби“ низ вратите во нејзиниот обемен фустан, а Хадид носеше необична зелена креација. На почетокот на оваа седмица, куќата основана од легендарниот шпански дизајнер Кристобал Баленсијага, соопшти дека ќе отвори продавница во Париз. си/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан