• сабота, 23 ноември 2024

Кими Раиконен доби нов „алфа ромео“

Кими Раиконен доби нов „алфа ромео“
Хелсинки, 29 декември 2020 (МИА) - И по завршувањето на сезоната на трките, „Алфа Ромео“ продолжува да го поддржува Кими Раиконен. Имено, италијанската марка му испорача нов „стелвио велос 2.0 турбo петрол AT8 ку-4“ на финскиот возач. - На крајот на една толку интензивна спортска сезона, време е да се одмориме и да им се посветиме на своите најблиски и на нашите семејства. Кими Раиконен и Антонио Џовинаци уште еднаш успеаја да предизвикаат силни емоции. Ние го поддржувавме Кими за време на секоја трка, а сега со нетрпение ја очекуваме и следната возбудлива сезона во Формула 1. Ова може само да нè зближи уште повеќе, изјави Арно Леклерк, директор на брендот „Алфа Ромео“. Раиконен и Џовинаци и идната сезона ќе се тркаат за Ф1-тимот „Алфа Ромео рејсинг“. Дотогаш, Кими ќе ужива во својот црвен „стелвио“ со алуминиумски тркала, кожени спортски седишта, дополнет со новиот 8,8-инчен „алфа конект“ дисплеј, новата табла за помош при возење и при самоуправувачко возење, меѓу другото. си/гт/

Остани поврзан