Киелини се опорави по кинењето на лигаментите
- Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини закрепна од повредата, пренесува „Ил Кориере дело Спорт“.
![Киелини се опорави по кинењето на лигаментите](https://mia.mk/index.php/images/20221103185640_big_730x400_88.webp )
Торино, 23 април 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини закрепна од повредата, пренесува „Ил Кориере дело Спорт“.
Триесет и петгодишниот Италијанец се подложи на операција откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и не влезе на теренот од август 2019 година.
Се очекува фудбалерот да биде целосно во функција на тимот кога Серија А ќе продолжи.
Јувентус планира да го продолжи договорот со Киелини до 2022 година. зс/