• понеделник, 16 декември 2024

Киев ќе одржи средба за заедничка стратегија со европските сојузници

Киев ќе одржи средба за заедничка стратегија со европските сојузници

Киев, 9 декември 2024 (МИА) - Украина планира овој месец да одржи состанок со своите клучни европски сојузници за координација на заедничка позиција и обезбедување силна позиција на Киев во евентуални преговори, како и на бојното поле, соопшти портпаролот на украинското претседателство.

Украина ги интензивираше повиците за помош од своите поддржувачи, особено во контекст на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој рече дека сака брзо да стави крај на војната што Русија ја води во Украина.

- Украина ги собира клучните европски партнери кои заедно со САД се способни да обезбедат максимално зајакнување на нашата држава, рече портпаролот Сергиј Никифоров.

- Состанокот е потребен за да се координира заедничката позиција и да се гарантира дека Украина е „силна во секое сценарио, и во преговорите и на бојното поле“, додаде тој.

За конечниот список на учесници сè уште се одлучува, рече Никифоров, дополнувајќи дека тој треба да вклучи земји кои поседуваат оружје со долг дострел, инвестираат во украинско производство на оружје и можат да одлучуваат за иднината на Украина во НАТО алијансата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан