• понеделник, 23 декември 2024

Киев: Украински дронови уништија руско складиште за муниција во Воронеж

Киев: Украински дронови уништија руско складиште за муниција во Воронеж

Киев, 7 септември 2024 (МИА) - Украински дронови во текот на ноќта погодија складиште за муниција во руската област Воронеж, потврди извор од украинските безбедносни сили, додавајќи дека Киев верува дека тоа складиште се користело за муниција и опрема наменети за војната во Украина.

Утринава регионалниот гувернер Александар Гусев објави на Телеграм дека „експлозивни предмети“ експлодирале по пожар во Острогорскиот округ. Нема жртви, но прогласена е вонредна состојба откако неколку стотини луѓе биле евакуирани, а главниот пат затворен, објави Гусев.

Според украинскиот извор, кој побарал да не биде именуван, операцијата ја извршила СБУ, државната служба за безбедност.

Погоденото складиште се наоѓа во селото Солдатское, 130 км од најблиската територија под украинска контрола. Изворот тврди дека на тоа место од утрото горат четири помали пожари.

Украина, која поради ограничувањата на Западот не смее да користи нивно оружје со долг дострел во напади на руска територија, разви свои дронови со долг дострел, од кои некои можат да погодат цели на растојание од над 1000 км.ссм/

фото: архива

Остани поврзан