• вторник, 24 декември 2024

Киев: Украинскиот министер за одбрана нема да биде сменет оваа недела

Киев: Украинскиот министер за одбрана нема да биде сменет оваа недела

Киев, 6 февруари 2023 (МИА) – Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников нема да биде сменет оваа недела и покрај големите шпекулации што сугерираат поинаку, изјави во понеделникот лидерот на парламентарната група на претседателот Володимир Зеленски.

- Нема да има кадровски промени во одбранбениот сектор оваа недела, напиша на Телеграм Дејвид Арахамиа, лидер на партијата „Слуга на народот“, јави ДПА.

Резников, кој беше министер за одбрана од ноември 2021 година, неодамна беше вмешан во корупциски скандал во кој неговото министерство беше обвинето за продавање прескапа храна на армијата.

Арахамиа не објасни зошто 56-годишниот Резников засега останува на функцијата. Сепак, се шпекулира дека претседателската партија стравувала дека нема да обезбеди доволно гласови за планираното назначување на Резников за стратешки министер за индустрија.

Друг проблем е со планираната замена на Резников, пишуваат медиумите.

Генерал-мајор Кирило Буданов најверојатно ќе го наследи Резников, но тој ќе биде принуден да поднесе оставка од армијата за да ја преземе главната воена функција.

Согласно украинскиот закон, само цивили можат да ја извршуваат функцијата министер за одбрана.

Буданов моментално ја предводи воената разузнавачка служба. јт/

Остани поврзан