• среда, 25 декември 2024

Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“

Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“
Киев, 14 март 2022 (МИА) - Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната  зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм.
Таму се пожарникари, здравствени работници, персонал од други служби.
Според првичните податоци, во гранатирањето загинаа две лица, а евакуирани се околу 70, се наведува во објавата на Телеграм.
Како што јавија странски медиуми, утрово околу пет часот, артилериска граната погодила станбен блок о девет ката во квартот Оболонски. Пожар ја зафатил зградата. бд/

Остани поврзан