• сабота, 28 декември 2024

Киевски Динамо го одигра првиот натпревар по руската инвазија

Киевски Динамо го одигра првиот натпревар по руската инвазија
  Букурешт, 7 април 2022 (МИА) – Младинскиот тим на Динамо Киев е првата украинска фудбалска екипа, која одигра натпревар од почетокот на руската инвазија на таа земја, и загуби како домаќин на неутрален терен во Букурешт од Спортинг Лисабон со 2-1 во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони. Играчите на Динамо истрчаа на теренот нагрнати со украинското знаме, а сино – жолтата боја може да се види и на трибините на стадионот „Гулешти“ во Букурешт. Пред почетокот на натпреварот со минута молчење оддадоа почит на жртвите на рускиот напад врз Украина, која почна пред 42 денови. Најтрофејниот украински фудбалски клуб Динамо Киев претходно објави дека сениорскиот тим ќе одигра серија пријателски натпревари од хуманитарен карактер против повеќе големи европски екипи, со цел да собере средства за својата држава. - Благодарение на нашите водачи, Динамо ќе ја продолжи меѓународната хуманитарна мисија со серија пријателски натпревари со најдобрите европски екипи, соопшти 16-кратниот украински шампион. Најавено е дека натпреварите против Барселона и ПСЖ ќе се одиграат во периодот од април до јуни, а како потенцијални ривали на Динамо Киев се наведени и Борусија Дортмунд, Стеауа, Милан, Бенфика, Спортинг Лисабон, Ајакс и Базел. - Сите дуели ќе бидат под слоганот – „Натпревар за мир! Прекинете ја војната“. ег/

Остани поврзан