• вторник, 19 ноември 2024

Киднапирана и измачувана ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан

Киднапирана и измачувана ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан
Исламабад, 17 јули 2021 (МИА) - Ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан беше киднапирана во Исламабад, држена неколку часа и измачувана, соопштија денеска властите на двете земји. Никој не е уапсен за нападот врз 26-годишниот Силсиле Алихил, што се случи во петокот. Министерството за надворешни работи на Авганистан побара итна истрага, истакнувајќи дека Алихил била „многу измачувана“. Според неофицијални извори таа била претепана. Киднаперите ја држеле повеќе од пет часа. Алихил била одднесена во болница одд страна на пакистанската полицијата. Не се откриваат детали за киднапирањето или околностите под кои Алихил е ослободена. Пакистанските власти нападот го оценија како „вознемирувачки“, а и ја зајакнаа безбедноста на резиденцијата на авганистанскиот амбасадор во Исламабад. Авганистанското Министерство за надворешни работи најостро го осуди „грозоморниот чин“ и изрази загриженост за безбедноста на своите дипломати и нивните семејства во Пакистан. ми/

Остани поврзан