Кејт Мидлтон се сретна со Олена Зеленска
- Таа во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, пред денешниот погреб на кралицата.

Лос Анџелес, 19 септември 2022 (МИА) - Принцезата од Велс, Катрин - Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленска, пред денешниот погреб на кралицата.
Инаку, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носеше бисерна нараквица, којашто некогаш ѝ припаѓала на Лејди Дијана - мајката на принцот од Велс, Вилијам.