• понеделник, 23 декември 2024

Кејт Мидлтон повторно со омилените обетки, наследени од принцезата Дијана

Кејт Мидлтон повторно со омилените обетки, наследени од принцезата Дијана

Лондон, 15 март 2023 (МИА) - За Денот на Комонвелтот, принцезата Кетрин и принцот Вилијам се усогласија во елегантни темносини костуми. Според критичарите и познавачите, Кејт Мидлтон изгледала прекрасно во здолниште и палто со бели цветчиња и големи копчиња на горниот дел од облеката. Сликата ја дополни сина сомотна шапка со машна настрана, соодветна спојка и ракавици од сомот. 

Сѐ тоа Кејт го доукраси носејќи го вереничкиот прстен од сафир и дијамант од принцот Вилијам, како и култните обетки од сафир и дијамант на покојната принцеза Дијана, кои сегашната принцеза од Велс ги носеше во различни прилики низ годините.

Како последен додаток и детаљ е таканаречениот „Брош со три пердуви“ што ѝ припаѓал на кралицата Александра, а содржи дијаманти, смарагди, рубини, како и грбот со пердуви на Принцот од Велс.

Принцот Вилијам се совпадна во целосната таа слика покрај Кејт. Беше облечен во елегантен син морнарски костум, бела кошула, сина вратоврска и сјајно-црни чевли.  си/

Фото: Обожавателска фејсбук-страница посветена на Кејт Мидлтон.

Остани поврзан